Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека во периодот од 17 до 18 септември 2025 година, биле спроведени индикативни мерења на суспендирани цврсти честички со големина до 10 микрометри (PM10) на мерното место во зоната на Трубарево.
Мерењата, извршени со автоматскиот систем AMBICON RTM–PM, покажале дека просечните концентрации на PM10 честички се во рамките на дозволените граници и не е забележано надминување на граничните вредности.
Просечна концентрација: 10,9 µg/m³
Максимална измерена вредност: 25,6 µg/m³
Моментална вредност: 16,5 µg/m³
Министерството најавува дека ќе продолжи со редовно информирање на јавноста за состојбата со квалитетот на воздухот.