Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, по завршувањето на вториот круг од локалните избори, изјави дека иако СДСМ не е „целосно згасната партија“, таа мора да помине низ „сериозен филтер, реформи и ребрендирање“. Според него, само на тој начин СДСМ ќе може да ја зачува позицијата на втора најсилна партија во Македонија.
Костадинов посочи дека партијата треба да го смени својот стратешки фокус.
„Нашиот фокус не треба и не може да биде исклучиво, брзо менување на власта. Нашиот фокус мора да биде зајакнување на улогата на СДСМ во рамките на опозицијата, СДСМ отворена за сите, СДСМ платформа во која ќе се најдат што поголем број на помали групи, па дури потоа да стреми кон нешто повеќе“, порача Костадинов.