Костовски: Кога народот ќе се дигне, никој не го запира

Кандидатот за градоначалник на Општина Куманово од СДСМ, Мартин Костовски, во својата објава нагласи дека верува во поддршката од народот и дека никој не може да победи против неговата волја.

​Костовски истакна дека, и покрај тоа што „поранешни и сегашни функционери, бизнисмени и сите тие што мислат дека имаат ‘плава крв’“ може да се здружат, народот е тој што ја носи промената.

​„Вистинската промена не ја носи еден човек – ја носи целата заедница кога ќе застане обединета и кога ќе им каже во лице на ‘политичките трговци’ помина вашето, доаѓа времето на сите нас!“, напиша Костовски.

​Тој ја повика целата заедница да се обедини за, како што рече, „правда и Куманово“ и порача дека на крајот ќе победат.