Денеска во Кочани се одржува осумнаесеттиот по ред „Марш на ангелите“, кој се организира точно пет месеци по големата трагедија во која животот го загубија 62 млади лица, а над 200 се здобија со повреди.
Маршот започна во 18:05 часот, симболично претставувајќи ја, како што велат организаторите, доцната и фатална институционална реакција на надлежните.
Граѓаните и семејствата на жртвите ќе се соберат за да им оддадат почит на загубените животи и да испратат јасна порака до институциите: нема да се откажат од борбата за правда за своите деца.