Кривична пријава за вработени во МВР, дозволиле сообраќајни прекршоци да застарат

Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава против тројца вработени во Отсекот за прекршоци при СВР Скопје. Б.Ф., Ѓ.И., и С.П. се осомничени за „несовесно работење во службата“, бидејќи не постапувале по записници за сообраќајни прекршоци, со што овозможиле тие да застарат.

​Во периодот од 1 јануари 2022 до 31 декември 2023 година, пријавените:

  • ​Не изготвиле барања за поведување прекршочна постапка за 143 предмети.
  • ​Не проследиле барања до надлежните институции за 30 предмети во законски предвидениот рок.

​Со ваквите постапки, тие овозможиле да настапи застареност на прекршочните постапки, нанесувајќи претпоставена штета на буџетот на МВР во износ од 865.425 до 1.987.215 денари.