​Кривична пријава против 69-годишник од Пробиштипско за нелегално оружје

Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип поднесе кривична пријава против П.Ј. (69) од пробиштипското село Древено, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

​Полицијата извршила претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени куршуми, автоматска пушка „АК-47“, како и митралези и други верзии на автоматско оружје.