Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен (33) е пред трансфер во Бундеслигата, каде што се очекува да го облече дресот на Волфсбург. Според данските медиуми, тој веќе е на пат кон Германија за да ги заврши сите формалности и да го потпише едногодишниот договор.
Ако ги помине лекарските прегледи, Ериксен ќе се приклучи на веќе постоечката данска колонија во клубот, која ја сочинуваат Јоаким Меле, Јеспер Линдстром, Андреас Сков Олсен, Адам Дагим и Јонас Винд.
Голем удел во реализацијата на овој трансфер има и спортскиот директор на Волфсбург, Петер Кристијансен, кој исто така е Данец.
Ериксен доаѓа како слободен играч, откако ова лето ја заврши својата соработка со Манчестер јунајтед.