Шокантен случај на суровост кон животните е забележан во близина на Крива Паланка, каде куче било врзано за автомобил и влечено по пат. Фотографиите од настанот, на кои се гледа како животното лежи на асфалтот, предизвикаа остра реакција на социјалните мрежи.
Благодарение на брзата реакција на МВР и Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), кучето е пронајдено, одземено и згрижено. Неговата здравствена состојба е стабилна, иако се опоравува од траумата.
Активистката Тања Ололовска Ристевска објави дека лицето кое го извршило грозоморното дело е идентификувано и против него ќе бидат преземени соодветни мерки. Таа апелираше до граѓаните да му се најде нов дом на кучето, за да може да живее „опкружено со љубов и грижа“.
Процедурата за вдомување ќе започне следната недела, откако кучето целосно ќе закрепне.