Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, заедно со министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, одржа средба со граѓаните каде што се фокусираа на клучните проблеми во општината: урбанистичкиот хаос, загадувањето, недостигот на паркинг и потребата од повеќе зелени површини.
Лабудовиќ истакна дека мора да се прекине праксата на импровизации и апатија:
„Мојата визија е јасна – чист и зелен Центар, со современа инфраструктура, со правилен урбанизам и транспарентна локална власт што ќе биде сервис на граѓаните, а не на малкумина привилегирани.“
Тој вети дека ќе ја врати општината во рацете на жителите за да изгради средина во која младите ќе сакаат да останат.
Лабудовиќ нагласи дека за вистински промени е потребно обединето дејствување. Во тој контекст, соработката меѓу Движењето ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ е клучна за да се гарантираат системски решенија и долгорочни резултати за Центар.
„Само заедно можеме да го изградиме Центар кој ќе му припаѓа на народот. Секоја средба со граѓаните е потврда дека силата е во заедништвото, во искрените разговори и конкретните решенија,“ додаде тој.
Центарци изразија целосна поддршка, нагласувајќи дека е време за нова енергија и чесно водење за Центар да стане општина за гордеење.