Лабудовиќ: Маџир Маало и Пролет заслужуваат ред, чистота и сигурност

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од партијата ЗНАМ и коалицијата, Мирослав Лабудовиќ, денеска одржа средби со граѓаните од Маџир Маало и населбата Пролет, нагласувајќи дека тие разговори му се најголемата мотивација.

​Лабудовиќ порача дека разговорите се потсетник оти луѓето во Центар сакаат ред, чистота, зеленило и сигурност.

​„Сакаат општина во која улиците се уредени, маалата живи, а животот достоинствен“, истакна тој.

​Кандидатот им се заблагодари на граѓаните за поддршката, искрените идеи и секој убав збор.

​„Маџир Маало, Пролет и секое маало во нашата општина заслужува нова енергија, вистинска грижа и вистински Центарец кој ќе работи со срце“, порача Лабудовиќ, додавајќи дека верува оти само заедно може да го направат Центар подобро место за сите.