Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Мирослав Лабудовиќ, утринава, заедно со сопругата, го оствари своето граѓанско право на глас.
Лабудовиќ истакна дека учеството во носењето одлуки и активното граѓанство се најважни елементи на демократската култура.
„Гласањето по сопствено убедување е неприкосновено право, затоа е важно сите да се вклучиме во процесот на носење одлуки“, изјави Лабудовиќ, посакувајќи фер и демократски изборен процес и да победи волјата на граѓаните.