Претседателот на Градската организација на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија-Скопје, Мирослав Лабудовиќ се обрати пред младите учесници на првиот Летен камп на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија во Струга. Во своето обраќање, тој ја нагласи клучната улога на младинскиот активизам како двигател на општествените промени.
Лабудовиќ истакна дека младите треба да си поставуваат високи цели, бидејќи според него, не е страшно ако целите не се постигнат веднаш, туку ако воопшто ги нема.
Тој ја потенцираше важноста на вклученоста на младите во локалната власт. Објасни дека ЗНАМ се залага младите да учествуваат во донесувањето на одлуки и да ги обликуваат развојните приоритети на своите општини, бидејќи локалната самоуправа е вистинско место каде што можат да го покажат својот потенцијал.
На крајот, Лабудовиќ нагласи дека политичкиот подмладок е богатство за целиот политички систем, носејќи нови познанства, луѓе и карактери кои ја обновуваат политичката култура и ја зајакнуваат демократската конкуренција.