Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од ЗНАМ, со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, Мирослав Лабудовиќ, изјави дека прифатил да се кандидира со јасна визија за подобра општина.
„Немам дилеми дека Центар може да биде поубав, позелен, почист, подобро место за живеење за сите“, напиша Лабудовиќ, кој е роден и живее во општината.
Тој истакна дека има јасна визија за решавање на проблемите во Центар, која вклучува:
- Чисти и безбедни улици.
- Мирни зелени катчиња и велосипедски патеки.
- Решен проблем со паркирањето.
- Модерни градинки и училишта.
- Богат културен живот.
Лабудовиќ ги повика жителите на Центар да ги споделат своите идеи и предлози преку доставениот линк, со цел да се вградат во неговата програма и заеднички да се изгради подобра општина за сите.