Лабудовиќ: Ќе изградиме подобар и подостоинствен Центар

Движењето ЗНАМ официјално го номинираше Мирослав Лабудовиќ, актуелен заменик-министер за енергетика, за кандидат за градоначалник на Општина Центар на претстојните локални избори.

Во своето обраќање, Лабудовиќ истакна дека функцијата градоначалник е голем предизвик кој бара визија, посветеност и чесност, но и, како што нагласи, искрена љубов за Центар.

Тој најави дека неговата визија е создавање на чиста, безбедна и модерна општина, со акцент на директна комуникација со граѓаните. Во наредниот период ќе остварува средби низ сите населби за да ги слушне нивните идеи и потреби.

„Знам дека можеме да изградиме подобар и подостоинствен Центар“, порача Лабудовиќ, додавајќи дека општината мора да стане „центар на достоинствен живот за секој жител“.