Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска на маргините на Самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во Кина, изјави дека западните земји се обидуваат да спречат формирање на мултиполарен свет. Според него, Западот ја одржува својата доминација не преку фер конкуренција, туку преку директна уцена, притисок и санкции.
Лавров истакна дека дискусиите на Самитот на ШОС покажуваат дека мултиполарниот свет веќе се формира.
„Постои колосална злоупотреба на улогата на доларот во светската трговија, а САД на сите им наметнуваат царински војни“, рече Лавров. Тој нагласи дека сето ова нема никаква врска со одбраната на легитимните права, туку едноставно се користи како алатка за потиснување на конкурентите.
„Фактот дека конкурентите не само што пораснале, туку веќе се пред историскиот колективен Запад во повеќето аспекти е очигледен за сите“, заклучи Лавров.