Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Русија постепено се оддалечува од терминот „непријателски земји“. На прес-конференција посветена на подготовките за меѓународниот музички натпревар „Интервизија“, Лавров нагласи дека сега постојат само земји со влади кои не се пријателски настроени кон Москва.
„Постепено се оддалечуваме од терминот непријателска земја, иако тој останува во законодавството“, рече Лавров, додавајќи дека Русија нема непријателски земји, туку само земји со „непријателска влада во однос на Руската Федерација“.
Оваа изјава доаѓа по прашање од новинарите за учеството на претставници од САД и Европа на натпреварот. Лавров изрази надеж дека „Интервизија“ ќе се одржува секоја година, а следната земја-домаќин ќе биде објавена наскоро по финалето.