Лажна дојава за бомба на скопскиот аеродром

Меѓународниот аеродром „Скопје“ утрово повторно работи нормално, откако дојавата за поставена бомба се покажа како лажна. Информацијата беше добиена во 02:41 часот на телефонскиот број 112 и се однесуваше на авион што требало да полета за Турција.

​Веднаш по добиената пријава, антитерористичката единица на МВР презеде соодветни активности и изврши детални проверки на местото. По извршениот претрес, утврдено е дека нема експлозивна направа, односно дека пријавата е лажна.

​Околу 06:00 часот, аеродромот продолжи со редовните операции.