Лазаревски ќе паузира три месеци поради операција

Ракометниот клуб Вардар денеска објави дека пивотот и македонски репрезентативец, Милан Лазаревски, ќе отсуствува од терените во следните три месеци. Причината е операција на рамото што тој ја изврши во Загреб кај искусниот д-р Никола Чичак.

​Повредата на Лазаревски е голем проблем за „црвено-црните“, кои ќе мораат да се снаоѓаат без еден од нивните најдобри играчи до крајот на оваа година. Оперативниот зафат бил неизбежен поради сериозноста на повредата.