Леброн Џејмс ја „разгоре“ фантазијата: Најави „Одлука“ (The Decision) за 7 октомври

​Најдобриот стрелец во историјата на НБА-лигата, Леброн Џејмс, кој е единствениот кошаркар што постигнал 40.000 поени, ја разбранува јавноста со најава за голема одлука, за која веќе подолго време се шпекулира дека може да значи крај на неговата кариера.

​Џејмс ја „разгоре“ фантазијата со објава на социјалните мрежи со наслов „The Decision“ (Одлуката). Ова е директна алузија на неговата славна одлука од 2010 година, кога на национална телевизија соопшти дека заминува од Кливленд Кавалирс и се префрла во Мајами Хит.

​Сега останува да се види што ќе соопшти кошаркарската легенда. Многумина веруваат дека станува збор токму за ставање крај на неговата блескава кариера.

​Големата одлука на Леброн Џејмс ќе биде објавена на 7 октомври во пладне по американско време, односно во 18 часот по македонско време.