Ѕвездата на Барселона, Роберт Левандовски, би можел да го напушти клубот до крајот на преодниот рок, откако добил понуда од Саудиска Арабија. Според пишувањата на шпанскиот весник „Ел Национал“, неименуван клуб му понудил двегодишен договор вреден 100 милиони евра, односно 50 милиони евра годишно.
И покрај тоа што во јуни, 37-годишниот напаѓач изјави за „Билд“ дека ќе остане во Барселона и дека се чувствува одлично, сега неговата иднина е неизвесна. Минатата сезона, Левандовски постигна 42 гола на 52 натпревари, со што беше клучен играч за тимот.
Покрај финансиската понуда, клубот од Саудиска Арабија му понудил на Левандовски и „дополнителни погодности“ за него и неговото семејство. Поради тоа, спортскиот директор на Барселона, Деко, го замолил напаѓачот да донесе брза одлука, за да може клубот да реагира на трансфер пазарот.