„Левица“ денеска ги претстави своите кандидати за градоначалници на неколку скопски општини за претстојните локални избори во 2025 година. Како што објави портпаролот на партијата, Круме Богевски, кандидатите се избрани по детални анализи и имаат висок професионален кредибилитет.
Кандидатите се:
- Општина Кисела Вода: Проф. д-р Јане Ацевски, поранешен декан на Факултетот за шумарски науки.
- Општина Ѓорче Петров: Адвокатот Александар Димитријевиќ.
- Општина Карпош: Антонио Димитров, актуелен директор на КИЦ-Скопје.
- Општина Гази Баба: Металуршкиот инженер Златко Тренчевски.
- Општина Аеродром: Економистот Маријан Димитриев.
Ова е вториот бран на кандидати што ги објавува „Левица“, а партијата најави дека наскоро ќе соопшти и други имиња.