Партијата Левица објави дека е единствената партија од македонскиот политички блок која ќе има свои кандидати за градоначалници во општините Струга, Тетово и Гостивар.
Кандидати на Левица се:
- Јована Мојсоска во Струга, актуелна пратеничка и генерален секретар на партијата.
- д-р Катка Божиновска во Тетово, доктор на правни науки.
- Дарко Грујоски во Гостивар, ИТ-специјалист.
Од партијата посочуваат дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, која се откажала од свои кандидати поради коалициски договори, Левица останува доследна на своите принципи, нудејќи луѓе со знаење и интегритет кои ќе ги бранат интересите на граѓаните.
„Гласот за Левица е глас за вистинска промена и достоинствено претставување!“, се вели во објавата на партијата.