За време на театарскиот фестивал „Гола Месечина“ во Аеродром, активисти од Левица и Црвена Младина изведоа герила акција со која сакаа да испратат јасна порака дека воздухот во Скопје е отровен.
На публиката ѝ беа поделени над 50 заштитни маски N95, симболично укажувајќи дека граѓаните живеат во „гасна комора“, особено по неодамнешните пожари во Вардариште, Дрисла, Шуто Оризари и фабриката за рециклажа во Трубарево.
Од Левица велат дека маските биле порака дека граѓаните мораат сами да се бранат, додека институциите, предводени од локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, не преземаат никакви мерки или препораки за заштита на здравјето на луѓето.