Партијата Левица објави соопштение во кое ги критикува СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ дека „се откажале од Струга“ со одлуката да ги поддржат кандидатите на ДУИ и ВРЕДИ, оставајќи го градот да биде предмет на „нечии коалициски апетити“.
Левица истакнува дека, за разлика од „старите партии“ кои ги делат општините како плен, тие остануваат со народот и се „последниот пламен што го чува духот на градот“.
„Додека СДСМ и ДПМНЕ го спуштија знамето над Струга и ја препуштија на туѓи интереси – Левица е последниот пламен што го чува духот на градот!“, стои во објавата.
Претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, заедно со кандидатката за градоначалник Јована Мојсоска, се сретнале со граѓаните на Струга, пренесувајќи порака на надеж и упорност.
Од партијата потенцираат дека луѓето во Струга бараат некој што ќе ги слушне, ќе застане зад нив и ќе понуди услови за да се остане во Струга. Левица нагласува дека го обединува народот со работа, визија и искреност, заклучувајќи дека Струга заслужува власт која не бега, не калкулира и не се продава, туку останува во дослух со народот.