​Левица ја поврзува ВМРО-ДПМНЕ со агенцијата „Рубикон“, бара оставка од Мицкоски

Политичката партија Левица преку соопштение го обвини премиерот Христијан Мицкоски за поврзаност со агенцијата за обезбедување „Рубикон“, која, според нив, ја обезбедувала „дискошталата“ во Кочани.

​Левица тврди дека „Рубикон“ е формирана како паравоена формација веднаш по победата на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори и дека оттогаш добива тендери од општините раководени од оваа партија.

​Според Левица, вистинскиот сопственик на агенцијата е Александар Нацев, поранешен директор за време на владеењето на Никола Груевски и делегат на Валандовскиот конгрес во 2017 година, кога Мицкоски беше избран за лидер на партијата.

​Врз основа на овие тврдења, Левица го повикува Мицкоски да си поднесе оставка, потсетувајќи го на неговата изјава дека ќе го стори тоа доколку се појават докази за поврзаност на ВМРО-ДПМНЕ со агенцијата.