​Левица ќе го поддржи независниот кандидат Зоран Николовски за градоначалник на Битола

Партијата Левица денеска објави дека на претстојните локални избори ќе застане зад независниот кандидат за градоначалник на Битола, архитектот Зоран Николовски.

​Во своето соопштение, партијата го нарече Николовски „најдобриот избор“ и „докажан професионалец“ кој може да се пофали со проекти во својот роден град.

​Од Левица истакнуваат дека Битола е бастион на нивната партија и заслужува силен кандидат што ќе донесе свежи идеи и промени. Тие веруваат дека поддршката за Николовски ќе донесе „авангардна комбинација која ќе донесе нови решенија и развој за Битола“.

​Партијата најавува дека платформата ќе биде составена од интелектуалци и професионалци кои ќе го стават своето знаење во служба на градот.

​„Создаваме платформа на интелектуалци и професионалци кои ќе работат за една идеја – Битола. За една света идеја – Битола“, порачаа од Левица.