Ливерпул го зема Керкез – трансфер од 40 милиони фунти договорен со Борнмут

Милош Керкез, унгарскиот лев бек со српско потекло, е новото засилување за Ливерпул! „Црвените“ го договорија трансферот со Борнмут, кој ќе инкасира 40 милиони фунти од овој трансфер.

Во наредните денови, Керкез треба да ги помине лекарските прегледи, по што официјално ќе стане дел од тимот од „Енфилд“. Тој ќе биде третото летно засилување за Ливерпул, по доаѓањата на Џереми Фримпонг и Флоријан Вирц.

22-годишниот бек одигра 38 натпревари за Борнмут минатата сезона, постигна 2 гола и запиша 5 асистенции. Интересно е што спортскиот директор на Ливерпул, Ричард Хјуз, го донесе Керкез во Борнмут од АЗ Алкмар во 2023 година за 18 милиони евра – а сега повторно го ангажира, но во црвениот дрес.

Навивачите на Ливерпул со нетрпение го очекуваат неговиот официјален деби настап!