Ливриниќ го честиташе празникот Голема Богородица

Кандидатката за градоначалничка на Општина Бутел, Оливера Ливриниќ, упати честитка до граѓаните по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, познат како Голема Богородица.

​„Нека во секој дом има здравје, среќа и љубов“, напиша Ливриниќ во својата објава.

​Таа додаде дека овој ден треба да послужи како потсетник на вредностите како соживотот, меѓусебната почит и заедништвото, кои се темел на здрава и обединета заедница.

​„Да градиме општество во кое различностите нè зближуваат, а вербата и љубовта кон ближниот ни го покажуваат патот напред“, истакна таа, честитајќи им го празникот на сите верници.