Ликовна изложба „Физиогномски белешки/потиснати соништа“ во Скопје

Вечерва, во Галеријата Метаоја во Скопје, со почеток во 19 часот, ќе биде отворена ликовната изложба „Физиогномски белешки/потиснати соништа“. На изложбата ќе бидат претставени триесетина дела создадени од девет штитеници на Психијатриската болница во Демир Хисар, заедно со нивните ментори, ликовниот уметник Тони Попов и историчарката на уметност Јасмина Котевска.

​Делата се создадени за време на сликарски работилници во 2024 и 2025 година, кои, освен уметничка, имале и терапевтска функција. Учесниците преку сликарството како примарна форма на комуникација ги искажувале своите мисли и емотивни состојби, а резултатите се „визуелни дијалози со себе, интимни исповеди на потиснатите желби“.

​На изложбата ќе бидат прикажани портрети, кои го обработуваат ликот како предмет на сликарско истражување, како и слики со архитектонски приказни.

​Изложбата ќе биде отворена за јавноста до 10 септември.