​Лозарите бараат поддршка од Собранието за дополнителни 3 денари за откуп на грозјето

Лозарот Душко Милев во видеопорака упати апел до пратениците да го поддржат предлогот на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за дополнителни 3 денари на цената за откуп на грозјето од годинешната реколта.

​Милев нагласи дека предложената мерка, која вклучува поддршка од државата и укинување на данокот од 8 отсто за исплата во готово, претставува „спас за лозарите и спас за оваа реколта“.

​„Ние лозарите не бараме многу, бараме малку за да заработиме чесно корка леб“, порача Милев, додавајќи дека очекува поддршка од сите пратеници, без разлика на политичката припадност, со цел конечно да се направи нешто за лозарството.