Кандидатката за градоначалничка на Прилеп од СДСМ, Петра Лукароска, објави дека нејзините корени потекнуваат од мариовското село Витолиште. Таа ја посети куќата на нејзиниот дедо, која ја опиша како „музеј кој раскажува приказни од минатото“ за мариовската традиција, песни и обичаи.
Лукароска нагласи дека Мариово има голем потенцијал и заслужува повеќе. Таа предложи да се збогати содржината на Мариовско-мегленските средби, да се обноват културните обележја и да се развива регионот како значајна културна и туристичка дестинација.