​Лукароска: 8 Септември е македонскиот трет Илинден

Кандидатката за градоначалничка на Општина Прилеп од СДСМ, Петра Лукароска, упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста.

​Во својата објава, таа нагласи дека референдумот од 1991 година, кој го нарече „македонскиот трет Илинден“, го остварил сонот на предците за слободна, независна и суверена македонска држава.

​„И денес, 34 години подоцна, борбата за слобода, правда и економски просперитет на нашата држава и натаму трае. И не смее да запре, сè до нивно целосно и безалтернативно остварување“, напиша Лукароска.

​На крајот од честитката, таа посака вечна да е Македонија.