Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, кој ја води земјата повеќе од три децении, во интервју за списанието „Тајм“ дека не планира да се кандидира за нов мандат. Лукашенко беше реизбран во јануари за негов седми петгодишен мандат.
70-годишниот Лукашенко, кој е близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, истакна дека не размислува за нов реизбор, иако со сарказам додаде дека американскиот претседател Доналд Трамп изгледа пристојно на речиси 80 години.
Лукашенко ја отфрли можноста неговиот син Николај да биде негов наследник.
„Не, тој не е наследник. Знаев дека ќе го прашате тоа. Не, не, не, беше јасен Лукашенко.
Тој верува дека неговиот наследник треба да продолжи да ја развива земјата, а не да ја прекинува досегашната политика, со цел да се избегнат било какви револуционерни промени.