Луксембург, Малта и Монако ја признаа Палестина
На Генералното собрание на Обединетите нации, премиерите на Луксембург, Малта и Монако официјално ја признаа државата Палестина.
Премиерот на Луксембург, Лук Фриден, изјави дека ова претставува „почеток на обновена посветеност на надежта, дипломатијата, дијалогот, коегзистенцијата и решението за две држави“. Тој нагласи дека одлуката не е насочена против Израел.
Белгија и Андора најавија дека ќе ја признаат Палестина, но под одредени услови. Белгискиот премиер Барт де Вевер изјави дека признавањето ќе се случи дури откако ќе бидат ослободени сите заложници и Хамас повеќе нема да биде на власт.
Претходно, францускиот претседател Емануел Макрон официјално ја призна Палестина, изјавувајќи дека „дојде време“ за постигнување мир. Велика Британија, Канада, Австралија и Португалија исто така веќе ја имаат признато Палестина.