Синоќа, околу 21:40 часот, во Битола е уапсен 30-годишниот Џ.Р. од селото Лера, откако со остар предмет нападнал млад битолчанец и ја претепал својата поранешна сопруга, соопшти СВР Битола.
Инцидентот започнал во пекарница, каде осомничениот физички го нападнал 25-годишниот И.Л., кој е брат на неговата поранешна сопруга. Потоа, Џ.Р. насилно ја внел 23-годишната жена во возило и физички ја нападнал.
Полицијата веднаш интервенирала и го привела напаѓачот. За случајот е информирано и Јавното обвинителство, а по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.