Маж осуден за обид за атентат врз Трамп се обиде да се прободе во судница

Рајан Раут, кој беше обвинет за обид за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп, се обиде да се прободе во судницата откако беше прогласен за виновен по сите точки од обвинението.

​Според ABC News, за време на читањето на пресудата, 59-годишниот Раут се обидел да се прободе во вратот со хемиско пенкало, по што бил насилно исфрлен од судницата. Пенкалото, кое било специјално дизајнирано да не предизвика повреда, му оставило само модринки.

​На инцидентот присуствувала и неговата ќерка, Сара Раут, која емотивно извикувала дека сè е „наместено“ и дека не е фер. По нејзиното изведување, судијката Ајлин Канон му дозволила на Раут да се врати, но во окови.

​Раут се соочува со доживотен затвор по осудата за сите пет обвиненија. Минатата година, тој беше фатен со пушка во близина на голф-теренот каде што играл Трамп. Поротата заклучи дека тој имал намера да го убие Трамп, но избегал откако бил забележан од агент на Тајната служба, кој отворил оган.

​И покрај тоа што се бранеше сам и се изјасни за невин, обвинителот Џон Шипли истакна дека „заговорот бил внимателно осмислен и смртно сериозен“. Пресудата ќе биде изречена на 18 декември.