Ова Ви го пишувам како фанатичен заљубеник во МАКЕДОНСКАТА МУЗИКА или што викаат моите браќа и сестри од ВМРО, патриот..
Верувајте ми јас на неделно ниво колку македонска музика преслушам на ју тјуб, некој за година толку не отслуша.
Плус и страшно многу песни знам, гледате ме често ги ставам и кај мене на фб, имам другари врвни музичари- ме едуцираат , плус знаете дека и сам пишувам, скроз некомерцијално.
Од дете ми беше такво весело опкружувањето а за Татко ми- живите македонски фолк легенди треба еден концерт да одржат и постхумно да го одликуваат за најверен слушател.
Немаше што не знае.
Е сега што сакам да Ви кажам.
Писанијата што ги пишувате по фб., само домашна музика, доста со тие српски курви, однесоа парите, фаворизирате од други држави итн.. итн..
Тука потполно грешите, 100%!
Ако приметувате тоа се се изведувачи од Србија, Хрватска, Босна и Црна Гора. Тоа се луѓе со кои зборувате речиси исти јазик, носите исти имиња, ги слушате од деца, новокомпонираните без разлика на жанрот ви пеат на јазик кој го разбираат нашите млади, на сите тие рефрени, се удварате, кршите, лумпувате, по нив на деца имиња ставате.
Нема само од Словенија поради јазичната бариера кој се разликува од српскохрватскиот јазик.
Второ, ова се супермоќни продукции, ех ју е голема сцена, огромна, некаде околу 25 милиони народ. Да знаете само позади Здравко Чолиќ, Мерлин, Цеца, Харис Џиновиќ, покоен Оливер, Брена, Дугме, какви продукциски трустови стојат, не сме ни свесни.
Рака на срце тука се провлекува и тежок шунд, голотии, чудаци, ама и за нив има публика и тоа гледам жестока.
Ова е супер моќ наследена уште од југословенско време..
Кога јас ви пишувам тука дека ова е еден културно неделив и фундиран простор, дел од вас ми се смеат.
Мерлин сношти у Штип разнесе. Цела источна Македонија да ја собереш толку народ нема.
Тоа не е спектакл, тоа е чиста естетика на уживање. Мерлин е фирма, застрашувачки моќна, он годишно обрт направи, колку 15 конфекции заедно.
Сите што ги организираат овие масовни матинеа имаат добра математика. Тука зијан нема и сите што пишувате зло, пишувате лично или што викаат старите, од пушлук.
Македонската е перфектно квалитетна ама мала сцена. Јазикот е приметлива бариера, само Тоше, Леб и Сол и Калиопи ја пробија ама објективно ја пробија на српскохрватски јазик.
Реалноста е таа и секој обид да се деградира е илузија која нема упориште.
Пишува: Митко Василевски