Македонската фудбалска репрезентација замина за Прага, каде утре ќе го одигра пријателскиот натпревар против Саудиска Арабија. Оваа средба е дел од подготовките за квалификацискиот меч за Светското првенство во 2026 година, кој ќе се одигра на 7 септември против Лихтенштајн на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Тимот е во комплетен состав, откако вчера му се приклучија и Елиф Елмас и Дарко Чурлинов.