Младиот македонски тенисер Марко Алексовски постигна огромен успех, освојувајќи го шампионскиот пехар на престижниот турнир „Антонио Хернандез Куп“ во Барселона, наменет за играчи до 14 години. На патот до титулата, тој ги елиминираше тројца од првите четири носители, покажувајќи извонредна форма и борбен дух.
Во четвртфиналето, Алексовски го победи првиот носител Франциско Сардиња од Португалија, а во полуфиналето беше подобар од четвртиот носител Јаков Мазин.
Во денешното финале, тој се соочи со вториот носител, Шпанецот Стефан Шангичев. Иако го загуби првиот сет во тесен тај-брејк со 7-6 (8:6), Алексовски не се откажа. Во вториот сет заигра уште подобро и поведе со 3-0 во гемови, по што неговиот ривал го предаде мечот.
Марко Алексовски е дел од тимот на ITF-Tennis Europe, кој е финансиран од Grand Slam Development Fund. Ова е негов втор голем успех за кратко време, откако минатата недела стигна до полуфиналето на турнирот во Белгија. Следната недела го очекува нов предизвик на турнир во Аликанте, Шпанија.