Валентин Манасиевски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, обвинува дека СДСМ и поранешниот премиер Зоран Заев ја користеле Националната агенција „Еразмус+“ за да купуваат судии, што резултирало со ниска доверба во судството.
Според Манасиевски, во времето на поранешната директорка на Агенцијата „Еразмус+“, Марија Димова, на судијата Лазар Нанев му бил доделен проект од 120.000 евра. Проектот, од типот КА201, бил наменет за училишно образование.
Манасиевски тврди дека невладиниот проект, за кој Нанев е единствено овластено лице, бил доделен на невообичаен начин. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ го поврзува брзото напредување на Нанев во судството со неговата лојалност кон Заев и Филипче и нагласува дека Нанев водел случаи против поранешни градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.
Манасиевски поставува прашање дали проектот за Нанев бил награда за прогонот на политичките опоненти на СДСМ. Тој нагласува дека додека во други земји вакви проекти се доделуваат на реномирани институции, во Македонија се користеле за „купување судии“.
На крајот, тој порачува дека сега доаѓа време на правдата и чесноста и дека на СДСМ, Заев и Филипче им пречи чесната работа.