Еден од најголемите таленти во европскиот фудбал, словенечкиот напаѓач Бенјамин Шешко, официјално потпиша за Манчестер Јунајтед. Според извештаите на Би-Би-Си, договорот е вреден 76,5 милиони евра, со можност да достигне 85 милиони евра преку бонуси. 22-годишниот фудбалер потпиша долгорочен договор со „Црвените ѓаволи“ до јуни 2030 година.
„Иднината е она што ме возбудува“
Шешко, кој во Лајпциг минатата сезона постигна 21 гол и шест асистенции на 45 натпревари, изјави дека е воодушевен од новиот предизвик.
„Историјата на Манчестер Јунајтед е многу посебна, но она што навистина ме возбудува е иднината. Кога разговаравме за проектот, беше јасно дека сè е подготвено овој тим да продолжи да расте и наскоро повторно да се натпреварува за најголемите трофеи“, изјави Шешко за клупската веб-страница.
Тој додаде дека веднаш ја почувствувал позитивната енергија и семејната атмосфера, што го убедило дека Јунајтед е идеалното место за негов развој.
Третиот најскап играч од поранешна Југославија
Со овој трансфер, Шешко се позиционира на третото место на листата најскапи играчи од територијата на поранешна Југославија. Пред него се наоѓаат:
- Јошко Гвардиол: Хрватскиот дефанзивец за кого Манчестер Сити плати 90 милиони евра.
- Душан Влаховиќ: Српскиот напаѓач за кого Јувентус издвои 83,5 милиони евра.
Шешко важи за еден од најголемите словенечки таленти. Тој е најмладиот дебитант за словенечката репрезентација, за која досега одиграл 41 натпревар и постигнал 16 гола.