​Марко Алексовски се пласира во четвртфиналето на тенискиот турнирот во Барселона

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски оствари значајна победа на турнирот во Барселона за играчи до 14 години, со што се пласираше во четвртфиналето. Турнирот е од прва категорија, а Алексовски е дел од тимот на ITF-Tennis Europe.

​Во сингл конкуренција, Алексовски го совлада Хозе Луис Вега Понс од Шпанија со резултат 2:0 во сетови (6:0, 7:6(3)).

​Во двојки, заедно со неговиот партнер Франциско Сардиња од Португалија, успеаја да ги победат Даниел Елиас и Реита Јаманака со 2:1 во сетови (6:4, 5:7, 10-7).

​Утре, Алексовски и Сардиња, кои се партнери во двојки, ќе се соочат еден против друг во четвртфиналето на сингл турнирот. Сардиња е прв носител на турнирот. Овој меч се очекува да биде вистинско дерби.