Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека сенаторот Марко Рубио ќе биде претставник на САД на претстојните разговори за војната во Украина, кои ќе се одржат оваа недела во Турција. Трамп изрази оптимизам за исходот од средбата.
„Разговорите ќе се одржат во Турција подоцна оваа недела, најверојатно в четврток, и сметам дека би можеле да донесат значајни резултати,“ изјави Трамп за време на својот говор во Ријад. Тој додаде: „Марко Рубио ќе биде присутен таму, претставувајќи ги интересите на САД.“