Маркус Рашфорд го засилува нападот на Барселона – трансферот е договорен!

Фудбалскиот пазар добива нова бомба: англискиот репрезентативец Маркус Рашфорд официјално се сели во Барселона! Според шпанските медиуми, вклучувајќи ја и угледната Марка, трансферот е веќе договорен и остануваат само формалности пред тој да биде официјализиран.

Новото засилување за Ханси Флик доаѓа откако неуспешно се преговараше со Нико Вилијамс и Луис Дијас. Сега стратегот на каталонскиот гигант ќе добие напаѓач со искуство, брзина и ефикасност – токму она што му недостасуваше на Барса.

Рашфорд, кој го загуби своето место во Манчестер Јунајтед по доаѓањето на Рубен Аморим, имаше понуди од повеќе клубови, но неговата желба била јасна: Барселона или ништо.

Трансферот ќе се реализира како позајмица со можност за откуп на договорот, а медицинските прегледи треба да се извршат во наредните денови. Доколку сè оди според планот, Рашфорд ќе биде новата ѕвезда на „Камп Ноу“.