Денеска се навршуваат точно шест месеци од пожарот во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 62 млади луѓе.
Во знак на сеќавање, родителите на загинатите организираат „Марш за Ангелите“. Собирот ќе започне во 15:35 часот од „Паркот на Револуцијата“ и ќе помине низ клучни институции, вклучувајќи ги општинската зграда, УЈП, полициската станица, кочанскиот суд и јавното обвинителство. Маршот ќе заврши на почетната локација.