Поранешниот фудбалер и до неодамна спортски директор во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масев, денеска доби четиригодишна затворска казна откако ја призна вината во случајот што се водеше против него.
Тој беше обвинет за продажба на наркотични средства, заедно со уште неколку лица, а постапката против него започна на почетокот од оваа година. Веднаш по покренувањето на обвинението, Масев беше разрешен од функцијата спортски директор во репрезентацијата од страна на ФФМ.
Како што беше и најавено, денешната пресуда од страна на Судот потврди четири години затвор за Масев, со што се заокружува судската постапка против него во овој случај.
Случајот фрли сенка врз спортската заедница, особено поради позицијата која Масев ја имаше во националниот фудбалски тим.