Кандидатката за градоначалничка на Општина Карпош од редовите на СДСМ, Маја Мојсова Мијовска, синоќа оствари непосредна средба со граѓаните на населбата Козле. Средбата помина во конструктивна и пријателска атмосфера, обележана со искрени разговори и размена на идеи.
„Имав чест да разговарам со граѓаните на Козле за мојата визија за Карпош – општина што ќе биде функционална, праведна и достојна за секое семејство. Но, најважно ми беше да ги слушнам нивните предлози и грижи, затоа што вистинските решенија секогаш доаѓаат од народот“, изјави Мојсова Мијовска.
Таа ја истакна својата определба за политика што произлегува од непосредната комуникација со жителите, а не од канцелариски одлуки.
„Вашата искреност и поддршка ми даваат сила да продолжам. Заедно ќе ја изградиме иднината на Карпош!“, порача кандидатката.
Следуваат нови средби низ општината, бидејќи, како што вели Мојсова Мијовска: секој глас, секој предлог, секоја грижа е темел за новиот Карпош кој го заслужуваме сите“.