Маја Мојсова Мијовска од Млечен: Со вас, за нов Карпош!

Кандидатката за градоначалничка на Општина Карпош од редовите на СДСМ, Маја Мојсова Мијовска, одржа инспиративна средба со граѓаните на платото кај Млечен ресторан, каде што се почувствува вистинска енергија за промена.

„Средбата со вас, граѓаните на Карпош од сите генерации, ми ја наполни душата и ми ја засили мотивацијата! Разговаравме опуштено, со насмевки, идеи и искрена желба за подобра општина за сите нас“, истакна Мојсова Мијовска.

Во својата објава, таа порача дека октомври 2025 е шансата за вистинска промена и најави дека е подготвена да застане рамо до рамо со жителите на Карпош за подобро утре:

„Јас сум подготвена – со Вас, за Карпош!“