Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.С. (40) од гостиварско, под сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.
Според пријавата, на 04.07.2025 година, пријавената физички го нападнала своето четиригодишно дете и му нанела повреди.