МВР воведе нова дигитална платформа за побрзо вадење изгубени документи

Министерството за внатрешни работи (МВР) ја продолжува дигитализацијата на своите услуги, со цел да им овозможи на граѓаните побрз и поефикасен пристап. Во таа насока, претставува ново дигитално решение за комуникација со „Службен весник“, кое значително го забрзува процесот на прогласување и издавање на нови лични документи.

​Досегашната пракса на размена на податоци помеѓу МВР и „Службен весник“ по електронска пошта се укинува и се заменува со нова дигитална платформа за интероперабилност.

​Според потпишаниот договор меѓу двете институции, сите пријавени изгубени или украдени документи автоматски, на дневно ниво, ќе се испраќаат до „Службен весник“ за објава. Откако документите ќе бидат прогласени за неважечки, информацијата веднаш автоматски се враќа во системот на МВР, што им овозможува на граѓаните веднаш да започнат со процедурата за издавање нови документи.

​Ова значително го скратува времето кое граѓаните го чекаа за да добијат нов документ, бидејќи веќе нема потреба од рачна размена на податоци и одлагања во процесот.